• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Поставена втора катна платформа во планинарската кула на Титов врв

Изминатите две недели формирана е втората катна платформа во внатрешноста со поставување на челични греди и табли.

29/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарите од „Аргентус Моунт“ од Тетово кои веќе неколку години работат на реконструкција на планинарската кула на Титов врв,  изминатите две недели ја формираа втората катна платформа во внатрешноста со поставување на челични греди и табли.  За да се однесе материјалот, гредите и таблите, од мај во 5 посебни акции, петмина планинари на раце однесоа раце 6 челични греди со вкупна тежина од 198 кг и 4 табли со вкупно 60 килограми. Останатите 10 табли се донесени од страна на планинари од други клубови.

-На 20 и 21 јули 2019 година ние 4-ца планинари од ПК “Аргентус моунт“ направивме  бетонирање на 6-те челични греди на втората катна платформа во Кулата. На 27 и 28 јули  истите луѓе со помош на планинарот Мирослав Аврамовски-Шулц со теренско возило до кота 2370 метри (подножје на Мал Турчин) однесовме дополнително 100 килограми градежни материјали и алат. Тоа потоа до врвот и до култа на 2747 се однесе на раце  со цел да се постават и таблите со што се формираше втората катна платформа, изјави Зија Јонузовски, секретар во клубот.

За изградба на втората катна платформа добиена е финансиска подршка Федерација за планинарството на Северна Македонија-ФПСМ.

-Со тие средства набавени беа потребните 5 челични греди од 6 метри (ИПЕ профил 100) во вредност од 10.500 денари   и 13 водоотпорни шпер табли  во вредност  од 24.570 денари.За истакнување е донација  од фирмата “Металекс“ од Тетово во косопственост на планинарот Али Ислами од Тетово. Со негов придонес челичните греди беа повластено набавени, подготвени-исечени   според потребните димензиите  во Кулата, потоа направени специјални отвори за заштрафувања како и аштитени со двократен специјален метален премаз. За истакнување е дека бесплатно со помош на ратрак во април материјалот беше однесен од Попова Шапка до котата 2370 со помош на хрватскиот државјанин Томислав Тишка сопственик на фирмата „Ескимо фрирајд“ потенцира Јонузовски.

Планинарите од Аргентус Моунт во 2016 година носејќи материјал на раце започнаа реконструкција на планинарската кула на Титов врв за да се спречи распаѓање. Во текот на овие години беа поставени врата, прозорци, панел за соларна енергија, реконструкција на камените ѕидови и многу други поправки. Планинарската Кула на Титов врв на 2747 метри надморска височина е изградена во 50-тите години на минатиот век како уникатно планинарско засолнште и  симбол на планинарството.

 

Тагови: планинарска кула. аргентус моунттитов врв

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Исклучени од сообраќај 11 возачи поради управување под дејство на алкохол

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.