Две лица од тетовско се меѓу 10-те починати луѓе поради Ковид-19 во тетовскиот регион, информираат од Министерство за здравство. Досега 96 лица го изгубиле животот поради коронавирусот. Нови заболени има 30, додека излечени се 8 лица. Вкупно дијагностицирани се 1722, а активно болни 291 лице.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти.
Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.