На 64 годишна возраст денес почина Агим Рамадани, лекар во тетовската болница и поранешен пратеник од редовите Демократската партија на Албанците (ДПА). Работеше во одделот за судска медицина и патологија, а беше пратеник во Собранието во периодот од 2006 до 2008 година.
Завршил Медицински факултет, специјализирал судска медицина и криминалистика, магистрирал медицински науки. Работел како лекар по општа практика, а потоа и како специјалист во тетовската Клиничка болница. Предавал и на Универзитетот во Тетово.
Погребот е утре во родното Желино,Тетовско по пладневната молитва,информираат од семејството. Рамадани е семен човек, татко на два сина.
А.С