Во клиничката болница во Тетово починала 65 годишна жена од Ковид19, информира денес Министерството за здравство. Согласно бројките објавени од Институтот за јавно здравје тетовскиот регион сега брои вкупно 38 починати лица поради коронавирусот.
Низ Македонија во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на Ковид19. Од нив 14 се во тетовскиот регион. Сега има вкупно 515 случаи од кои активни се 316.
Од 14-те случаи, 7 се во општина Тетово, 3 во Јегуновце, по 2 во Боговиње и Теарце како и еден во Брвеница.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент, од кои двајца во тетовскиот регион. Вкупно оздравени во тетовскиот регион има 151 лице.