• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почнаа реконструкции на патни делници во Јажинце и Требош

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денес присуствуваше на започнувањето на два два инфраструктурни проекти во Тетовско. Станува збор за реконструкција на локален пат во селото Јажинце до регионален пат Тетово-Јажинце и обнова и изградба на тротоари и дел од улица на дел од општинскиот пат Тетово-Требош (општина Желино)

12/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денес присуствуваше на започнувањето на два два инфраструктурни проекти во Тетовско. Станува збор за реконструкција на локален пат во селото Јажинце до регионален пат Тетово-Јажинце и обнова и изградба на тротоари и дел од улица на дел од општинскиот пат Тетово-Требош (општина Желино).

-Изведувањето на овие работни активности на овој пат се од големо значење за жителите на селото Јажинце, од регионалниот пат до училиштето во селото. Со ова министерството ја реализира програмата за оваа година. Пред десет дена бевме на прва фаза на асфалтирање на патот до депонија Русино а денес да почнеме нов проект финансиран од Министертсвото за локална самоуправа преку  од Биро за рамномерен регионален развој,  во изведба на Полошкиот плански регион, изјави министерот Милевски.

Дарко Блажевски, градоначалникот на општина Јегуновце во чиј склоп е Јажинце истакна дека е огромно значењето што патот се реконструира поради можноста за побезбедно движење на ученници.

-Реконструкцијата ќе има на 370 метри должина и широчина од 3,5 метри. Од 2000 не беше направено ништо за овој пат но издејствувавме да има реализација, што многу значи за граѓаните на Јажинце и за дечињата кои одат во ова училиште. Изградбата ќе чини 4 милиони денари, рече Блажевски.

За обновата и изградба на тротоари и дел од улица на дел од општинскиот пат Тетово-Требош (општина Желино) министерот Милевски рече дека исто така ќе ја подобри комуникацијата на мештаните во таа општина.

-Иако се реконструираат тротоари ќе се прави и дел од улицата што многу ќе значи за жителите на регионот, за движењето од Тетово до селото, како и до училиштетото во Требош, со што ќе нема да се соочуваат со снег и дожд, рече Милевски.

Министерот рече дека од 7 милиони евра на располагање за сите осум плански региони, 5 милиони се инвестираат со сите региони, а 2 милиони за селата кои се во спефицични подрачја и со специфични потреби. На настаните присуствуваа директорот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион Фатмир Саити и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.

 

Тагови: јажинцепатреконструкцијатребош

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Во употреба пуштена спортска сала за училиштето во тетовска Шипковица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.