• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Пошумување кај селото Ѓермо во насока на превенција од ерозии и поплави

Се работи на посадување на 30 илјади багремови садници на 10 хектари. 

24/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во атарот на шарпланинското село Ѓермо денес започна да се врши пошумување на багремови садници како превентивна мерка и спречување на појава на ерозија на земјиштето и поплави во овој предел.

-Се работи на посадување на 30 илјади багремови садници на 10 хектари.  Ние како ЈП „Национални шуми“ излегуваме на пресрет на сите засегнати општини каде има потреба да се изврши пошумување за општо добро. Ова е ерозивно подрачје и ќе работиме се додека не се санира целосно, изјави Зоран Георгиев, директор на претријатието.

Потегот од планинското село Ѓермо па до низинското село Порој близу Тетово важи за едно од најерозните места со чести поплави

-Се наоѓаме на ерозивно подрачје на атарот на реката Брза вода која историски секогаш прави проблеми на населнието и во Порој и Ѓермо. Затоа е за поздравување активноста на ЈП „Нациионални шуми“ за работа на овој атар. Се надеваме дека позитивно ќе влијание да се спречат ерозивните процеси и да ги заштити граѓаните на Порој и Ѓермо, изјави Хисен Џемаили министер без ресор во Владата.

Тетовската градоначалничкаТеута Арифи истакна дека како Полошки плански регион исто така работат на активности кои ќе придонесат за намалување на ризиците од ерозии и поплави во подрачјето.

А.С

Тагови: багремови дрвјапошумување

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Со приватна донација изградена натстрешница на православните гробишта кај тетовско Фалише

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.