• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

По втор пат се организира планинарско-рекреативна акција „Милениумска патека“

Новина во овогодинешната акција е засадување на дрво покрај патеката од страна на секој учесник, на локација која дополнително ќе биде утврдена од страна на организаторите, кои ќе обезбедат логистичка поддршка за оваа цел.

14/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарскиот клуб „Јелак “ од Тетово во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската Православна Црква во недела 20 октомври по втор пат ја организира планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора. Патеката е поставена во 2018 година  во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската Архиепископија.

-Новина во овогодинешната акција е засадување на дрво покрај патеката од страна на секој учесник, на локација која дополнително ќе биде утврдена од страна на организаторите, кои ќе обезбедат логистичка поддршка за оваа цел, инфомираат од планинарскиот клуб Јелак.

Планинарско-рекреативната акција тргнува од селото Блаце и и завршува во селото Волковија.

-Спаѓа во лесни тури и е погодна е за почетници, постари планинари, рекреативци и вљубеници во природата со минимум кондиција за движење. Добредојдени се и поискусни имаат желба планинари кои да се запознаат со ретко посетуван предел, кој сѐ до лани воопшто не беше организирано посетуван, инфомираат од ПК Јелак.

Долж патеката ќе се  помине покрај шест православни цркви во селата Блаце, Стенче и Волковија. археолошки локалитет – месност „Граиште“, ќе има движење низ пределот каде е сниман култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“. Целта е црквата  „Св. Мина“, во селото Волковија, каде ќе биде послужен ручек за учесниците на маршот, а пред истите ќе се обрати митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Пријавувањето е најдоцна до петок 18 октомври.

А.С

 

Тагови: блацеволковијавтора годинамилениумска патекастенче

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Слепите лица во Тетово бараат звучни семафори за полесно движење низ градот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.