• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

По пријава на работници, приведен бугарски државјанин директор во Тетекс Јарн

Работниците на Тетекс Јарн во Тетово кои утринава одржаа јавен протест пред фабриката информираат дека по нивниот протест и пријава до полицијата приведен е еден претставник на компанијата со седиште во Бугарија. Тие ја повикале полицијата сомневајќи се дека лицето сака да наштети на имотот што е останат во фабричките погони.

16/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Работниците на Тетекс Јарн во Тетово кои утринава одржаа јавен протест пред фабриката информираат дека по нивниот протест и пријава до полицијата приведен е еден претставник на компанијата со седиште во Бугарија. Тие ја повикале полицијата сомневајќи се дека лицето сака да наштети на имотот што е останат во фабричките погони.

-Ние повикавме полиција сомневајќи се дека дел од раководството од фирмата од Бугарија сака да ја земе произведената волница и машините и да ги продава. Приведен е Петар И. директорот на фирмата, сопственик на Тетекс Јарн, чие главно седиште е во Бугарија, инфомираат работниците.

Од СВР Тетово потврдија дека е приведен државјанин на Бугарија но поради нелегален престој.

-Полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода П.И.(56) од Република Бугарија, кој непријавено престојувал на подрачјето и кому во јануари годинава му истекла важноста на неговата лична карта за странци.Бугарскиот државјанин задржан е во Полициската станица Тетово и во текот на денов ќе биде предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово  за натамошна постапка, информираат од СВР Тетово.

Дел од 160 работници во фабриката за производство на предиво и волница Тетекс Јарн Лимитед утринава одржаа јавен протест барајќи им да се исплатат две заостанати плати. На нив и на новинарите не им беше дозволен влез во фабричкиот круг.

А.С

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Шест нови заболени со коронавирус, вкупно 49 во Тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.