Човекот кој ни го пресече патот на две полни линии требаше да одговара дека делотот го направил со умисла а не од небрежност вели Наташа Димитриевска при денешното поднесување претставка до Советот на Јавните обвинители, објави ТВ Телма. Наташа бара обвинителката која го водеше овој предметот да биде разрешена.
Таа има забелешки и за наредбите за вештачење, но и за тоа што обвинитeлката не ги обезбедила медицинските документите со кои ќе докаже дека поради сообраќајката Наташа го изгубила плодот а не само сопругот. Тоа го направил нејзиниот адвокат.