• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Православните верници во Тетовско денес го празнуваат Свети Георгиј Победоносец

09/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Црковно-народни собири се одржаа во манастирската црква Свети великомаченик Георгиј Победоносец во Мала Речица и Свети Ѓорѓија во Лавце.

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година). Неговите родители биле богати, доброчесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да ја потврдии исповеди својата вера и љубов кон Христа Господа. Неговата мајка била родена во Палестина која, исто така, уште од неговото детство успеала да го воспита и насочи својот син во вистинската вера и наука. Свети Георгиј се смета за покровител на Москва, Грузија, Англија, а исто така е доста почитуван во Палестина и на Балканот.

Свети Георгиј многу често во црковната иконографија се слика како победува или убива змеј, или некое друго змијолико суштество. Зависно, од локалното предание, деталите на оваа легенда се менуваат. Најчесто се работи за змеј кој го заробува локалниот извор на вода, и бара да му се принесува човечка жртва доколку луѓето сакаат да добијат вода; кулминацијата на ова робување на змејот се доживува кога преку жреб за жртва е избрана локалната принцеза, која е спасена во краен момент од самиот свети Георгиј, кој повикувајќи Го името на Света Троица го поразува змејот. Локалното население тогаш се откажува од паганизмот, и го прифаќа Христијанството.

Тагови: свети георгијсвети ѓорѓија

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава
вмро дпмне тетово

ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово со одговор на реакцијата на ОО на СДСМ Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.