Во тетовскиот регион две цркви кои го носат името на цар Светите Константин и царица Елена го одбележаа денешниот празник. Во Вратница во црквата Свети Констатин и Елена пранзична литургија и осветување на славските лебови изврши отец Марјан Мадевски, додека во Блаце богослужбата ја отслужи протојереј Ненад Ѓорѓески.
Митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф по повод празникот отслужи литургија во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово.
-Светиот цар Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. На овој голем и светопразничен ден кога ја прославуваме победата на христијанството односно добивањето на слободата за јавно изразување на сопствената христијанска вера ја користам оваа прилика да упатам апел со сите православни верници вистински да ја ползуваат дадената од Бога слободата за исповедање на својата православна вера имајќи во предвид Павловите зборови: Се ми е дозволено но не е се полезно. Се ми е дозволено но ништo не сакam да надвладее над мене. Дa се потрудат во сите денови од својот живот да живеат вистинскки христијански живот посетувајќи ги храмовите и исповедајќи ја верата, истакна во беседата владиката Јосиф.
Видео од беседата погледнете тука.
А.С