• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пратеничката од СДСМ Татијана Лалчевска одржа прес-конференција за туристичките картички „Дома си е дома“

15/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пратеничката од СДСМ Татијана Лалчевска одржа прес-конференција за туристичките картички „Дома си е дома“

-Ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари ќе добијат 117.122 граѓани – мерка која има за цел да го заживее домашниот туристички сектор преку зајакнување на куповната моќ на граѓаните, кои покрај ваучерите за домашен туризам,  добиваат и платежна картичка од 3.000 денари за купување домашни производи и услуги.  Корисници на ваучерот за домашен туризам се сите вработени граѓани со приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно или вкупно 60.000 денари во периодот од јануари до април 2020 година. Преку оваа мерка 10 милиони евра се вложуваат директно во домашниот туризам, преку граѓаните.

Граѓаните може да проверат дали се корисници на мерката ваучер за домашен туризам преку внесување на матичниот број на интернет платформата „Дома си е дома“ www.domasiedoma.gov.mk.

Нема постапки за аплицирање за користење на оваа мерка. Граѓаните корисници на мерката, ќе ги добијат ваучерите за туризам преку електронската адреса која ја имаат доставено во Управата за јавни приходи. Секој туристички ваучер гласи на име и презиме на корисникот и содржи QR код, ваучер код и пин код. Граѓаните треба да го прикажат ваучерот на давателот на туристички услуги при неговото искористување и тоа при една посета.Ваучерите за домашен туризам може да се искористат од 15 јули до 15 декември 2020 за сместување и патување во земјата.

На Интернет платформата „Дома си е дома“ освен листата на корисници, ќе биде објавена и листа на сите даватели на туристички услуги. До 30 јуни сите сместувачки капацитети кои се уште не се категоризирани може да се регистрираат, за да може да ги промовираат своите туристички понуди на граѓаните корисници на мерката. Да го зајакнеме и  поддржиме домашното производство и услужен сектор. Секој вложен денар во домашните производи, во услужниот сектор – е вложен денар во зачувувањето на домашните компании и работните места на нашите сограѓани, истакна Татијана Лалчевска.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Филипче: Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!