Прва победа забележа во годинешното првенството Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово во рамки на 4-тото коло на Првата женска македонска фудбалска лига. Совладана е екипата на ЖФК Плачковица со 1-0.
Единствениот погодок го постигна новото засилување Јулија Живиќ во 74 минута од пенал. Во наредното петто коло ЖФК Љуботен се среќава со ЖФК Кочани на гостински терен во среда 9 септември.
Гостите од ЖФК Плачковица доби дури три црвени картони, две за фудбалерки и една за тренерот.
Во текот на натреварот се повреди главната судијка Беса Леши која беше заменета од првиот помошник.
А.С