• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Прв ден во Тетово и Армијата во помош на полицијата за одржување ред пред објектите

До ова соработка дојде откако општината побара од државните институции да помогнат во одржување ред пред објектите, а за тоа градоначалничката Теута Арифи разговараше и со претседателот Стево Пендаровски кој беше во посета на Тетово во вторникот.

17/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Припадници на Армијата на Македонија од денес и во Тетово започнаа да соработуваат со полициските службеници во одржувањето ред за влез во објектите каде функционираат банките, телекомуникациските компании и маркетите при што вообичаено се собираат повеќе луѓе.  До ова соработка дојде откако општината побара од државните институции да помогнат во одржување ред пред објектите, а за тоа градоначалничката Теута Арифи разговараше и со претседателот Стево Пендаровски кој беше во посета на Тетово во вторникот.

-Во однос на соработка со Армија на состаноците на Кризниот штаб имаме и членови од касарната, на состанокот со претседателот Пендаровски се договоривме Армијата да биде испомош за одржување на редот во текот на забрана на движење и во ситуиација кога има собирање на повеќе луѓе кога е пред банките, изјави Теута Арифи.

Од полицијата во изминатиот период нема евидентирано нарушувања на јавен ред и мир пред објектите на банките, телекомуникациските компании и маркетите. И понатаму се бележат само поединци кои го прекршуваат полицискиот час и се движат за време на термините за ограничено движење. Во периодот од 7 часот вчера до денес во Тетовско се евидентирани 3 лица кои ја прекршиле мерката по што се лишени од слобода.

А.С

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Жените од ВМРО ДПМНЕ Тетово во акција за бесплатно изработување маски, капи и каљачи за здравствените работници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.