• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

„Предизвикот на Шар Планина“ погоден и за рекреативци

Натпреварувачката манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ покрај за активни спортисти е погодна и за рекреативци со основна физичка кондиција па искачувањето од Тетово до Попова Шапка можат лесно да го изведат

18/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Натпреварувачката манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ покрај за активни спортисти е погодна и за рекреативци со основна физичка кондиција па искачувањето од Тетово до Попова Шапка можат лесно да го изведат. На денешната прес конференција ваков повик упатија организаторите општина Тетово и Здружението за спорт „Прв до врв“. Предизвикот на Шар Планина има три категории: планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

-Добредојдени се да учествуваат покрај спортисите и рекреативци. Не само во велосипедизам туку и во трчање бидејќи планинско трчање не подразбира искачување цело време со трчање туку може да биде и планианррење. Затоа секој со основна физичка подготвеност кој има некаков континуитет во рекреакцијата е добредојден и може да учествува и да ги заврши патеките, изјави Александар Георгиевски, од Здружението „Прв до врв“.

Во сабота 20 јули второто издание на спортско-рекреативната манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ (Sharra Challenge), почнува од тетовскиот градски плоштад во 9 часот.

-Оваа активност, покрај натпреварувачкиот карактер, ја носи и пораката за здрав живот, која ние како општинска администрација веќе многу години се обидуваме да ја промовираме преку формални и неформални политики и поддршка на таквите спортски активности.Во овие спортови не постојат типични победници и губитници, но има натпреварувачи кои се потрудиле  повеќе од другите и кои ќе влезат во кругот на првите тројца.Спортот нè обединува, ги искоренува предрасудите и нè тера да сфатиме дека сме и можеме да станеме подобри, исто како што сакаме да ги запознаеме другите до нас како добар пример во семејството, меѓу пријателите и во општеството во кое живееме, истакна Ахмед Ќазими, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности.

Патеката за планинско трчање долга 10 километри, додека за друмски велосипедизам и планински велосипедизам по 20 километри. Најбрзите се очекуваат на Попова Шапка само по еден час од тргнувањето. Завршниот дел од манифестацијата со прогласување на победници е закажан за околу 13 часот.

Александар Самарџиев

Тагови: велоспиедизампар планинапланинско трчањепопова шапкапредзивик

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Повредени 10 пешаци во сообраќајка во тетовско Горно Орашје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.