Тетовчанец бил нападнат откако предупредил соседи пред зградата дека го нарушуваат јавниот ред и мир и полицискиот час. Настанот се случил вчера на неколку часа пред да заврши 80-часовното ограничување за движење во комплексот згради Блок 70 во Тетово.
-Во 18 часот и 30 минути, В.С.(32) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „180“–Блок 70 во Тетово бил физички нападнат од 23-годишниот С.С. кој со уште неколку други лица, пред зградата во која живеел, го нарушувале јавниот ред и мир и биле предупредени од негова страна. С.С. и В.С. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, инфомира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Инаку за трите дена полициски час СВР Тетово бележи вкупно 37 нарушување на полицискиот час. Од вкупната бројка 20 се однесуваат на периодот од недела во 7 часот до утрово во истиот термин. За време на викенд полицискиот час се издадени прекршочни глоби за неносење маска на лице на вкупно 135 лица, а само во изминатиот 24 часовен период на 27 луѓе.
Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 44 луѓе, а изјави за самоизолација потпишале 9 лица.
А.С