Филмот „Малечка“ во режија на Ана Андонова и актерска екипа од Тетово вчера премиерно беше прикажан на Прво издание на Младински филмски фестивал во Скопје.
Филмот е снимен минатата година и требаше премиерно да се прикаже пролетва но поради корона вирусот премиерата е направена дури сега. Освен во Скопје премиера наскоро ќе има и во Тетово.
Во филмот учествуваат над 50 глумци и статисти а главните улоги ги имаа Мартина Стерјоска, Марко Богданоски, како и десет годишната Меланија Серафимовска и девет годишната Мила Ефкоска. Филмот е сниман на повеќе локации во село Туденце, а се зборува за една свадба и еден несакан брак, за помалечката сестра на невестата која најмногу се противи на тој брак и за нејзината пријателка, мало девојче од селото кое никој не го сака.
Филмот трае 24 минути и е во категодијата кратки играни филмови.
Ова е прво издание на Младински филмски фестивал во Скопје на кој беа прикажана филмови од Македонија, Романија, Полска, Бразил, Иран и други земји.