• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Претседателот на Општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово Ангел Карапетров одржа прес-конференција

21/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На прес-конференција по повод актуелните политички случувања се обрати претседателот на Општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово Ангел Карапетров.

-Македонија претрпела безброј понижувања низ историјата, нејзиниот народ претрпел многу неправди, ѕверства и јареми.  За жал, и денес историјата се повторува. Денес, во 21 век, во две илјади дваесет и второ лето господово со изградена држава, кодифициран јазик, во Македонија повторно се најдoja силеџии кои што отвораат средновековни прашања и радосно и триумфалистички потпишуваат капитулација која ја слават. Дали се срамите пратеничке од СДСМ Фаница Николовска ? Дали Македонија била попонижена некогаш во историјата? Прифаќањето на бугарските барања е најголемото предавство во независна Македонија! Дипломатски нокаут и македонска капитулација, истакна Карапетров.

Тој истакна дека протоколот да точно,ја отвара вратата за ЕУ, но на Албанија, а ја подзатвара вратата на Македонија.

-Да бидам попрецизен, со протоколот кој што го потпиша Бујар Османи, сега Албанија ги почна преговорите за влез во Европската унија, но не и Македонија.  Македонија за да ги започне преговорите потребно е да се промени Уставот, односно преамбулата, а со промената, Бугарите да станат државотворен народ. Па дури потоа, да отпочнат преговорите на Македонија со Европската Унија. Дека нема да биде сменет Уставот, говори бројноста и категоричната одлучност на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 44 пратеници, плус пратеници од опозицијата кои што исто така се противат и не ја прифаќаат идејата за промена на Уставот. Така што, во овој момент владата нема две третини потребно мнозинство на пратеници во Собранието, што значи дека предлог преговарачката рамка останува предлог преговарачка рамка неусвоена.  Што доби Македонија со потпишувањето на Протоколот? Само сликање и овековечување на предавството кое што го направи владата на СДСМ и Димитар Ковачевски.  Ова е предавство и замка за македонскиот народ, бидејќи Македонија е уценета од страна на источниот сосед !  Но, нема да помине ниту еден ден, без да бидете опоменувани и потсетувани за направеното предавство. Одговорност за вакви предавства мора да има, посочи Карапетров.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Биљал Касами прогласи за почесен граѓанин на Тетово брат на еден од основачите на УЧК

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.