Тетовската полиција вчера навечер има приведено две лица кај кои е најдена дрога. Околу 22.25 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полицајци го лишиле од слобода Ј.С.(52) од Тетово затоа што кај него биле пронајдени 20 кесички со хероин. Тој бил задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 23.10 часот во тетовско Камењане, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Ф.(43) од Тетово. При контрола на патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преглед кај него биле пронајдени марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела кражби или тешки кражби. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира денес СВР Тетово.