Од тетовската касарна попладнево заминаа 50-тина припадници на АРМ кон општините Дебар и Центар Жупа. Пред тргнувањето нив ги посети министерката за одбрана Радмила Шекеринска која го беше и во оперативниот центар во касарната кој ќе раководи со ангажманот на Армијата за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19.
-По координацијата на МВР и Армијата од тука заминуваат околу 50-тина војници и офицери, како и еден дел од АРМ кои се веќе во Дебар ќе бидат ангажирани по потреба. Главниот фокус е во моментот контрола на граничната линија. Полицијата обезбедува контрола на главните правци кон и од Дебар, го ограничува транспортот. Целта ние да е ограничи целосно влезот и излезот до овие две општини за да се спрели ширење на вирусот, а главна задача на Армијата е контрола на граничните линии, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска
До ангажирањето на Армијата дојде по иницијативата на Владата која претседателот Пендаровски ја одобри.
-Веќе е од денес Армијата е подготовена да се стави во поддршка на цивилните власти и на МВР. Ова е вторат екипа која заминува за Дебар. Во изминатиов период во и надвор од државата сметаа дека не треба брзо да се влечат потези и дека не треба да се биде радикален. Ние како Влада имавме различен став, сметавме дека клучот во ваквите ситуации е во брзите реакции и понекогаш носевме прилично рестриктивни одлуки. Се покажа дека тоа било добро и се покажа дека заради тоа успевма до сега бројка да не екскалира дрматично. Како Влада ќе продолжиме да носиме одлуки кои на прво место ќе го стават здравјето на граѓаните, рече министерката,.
Таа препорача дека кризата може да се совлада само ако сите се придржуваат до препораките.
-Само ако сите направиме максимум. Повикот е да се вложиме сите во оваа акција. Заедно можеме да го победиме корона вирисото ако се почитуваат препораките, истакна Шекеринска.
А.С