• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Приредување огномет само со пријавување во полиција

При пријавувањето на огнометите потребно е да се наведе времето, местото и бројот на пиротехничките средства што се планира да се употребат, согласно член 39 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир

23/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција апелира доследно да се почитува законската регулатива доколку се приредува огномет, да биде пријавен во полициските станици.

Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово потенцира дека во летниот период во регионот кога во полн ек е сезоната на свадбени и други семејни свечености се карактеризира и со вечерно приредување на огномети.

-Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до организаторите на вакви свечености огнометите претходно да се пријавуваат во полициските станици или одделенија и задолжително да ги спроведат пропишаните мерки на безбедност. При пријавувањето на огнометите потребно е да се наведе времето, местото и бројот на пиротехничките средства што се планира да се употребат, согласно член 39 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, вели Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово укажува на неопходноста од навремено и целосно спроведување на мерките за безбедност, за да се избегнат несакани појави и да не се доведува во прашање животот и имотот на присутните на овие свечености.

Од таму информираат дека веќе има засилени контролните активности кои се однесуваат на свадбените свечености и приредувањето огномети и законски ќе ги санкционира сите прекршоци од оваа област.

 

Тагови: огнометполицијапријавувањесвр тетово

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Тетовско Непроштено се потсети убиените и киднапираните во 2001 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!