• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 12 декември, 2019
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пристапни рампи но и поголема прифатливост е потребна за лицата со посебни потреби

47  годишниот Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар за прв пат откако 29 години е во инвалидска количка сам успеа денес да влезе во објектот на општината преку пристапна рампа со лифт за да може да присуствува на пригоден настан по повод меѓународниот ден на лица со посебни потреби.

03/12/2019
во Вести
Пристапни рампи но и поголема прифатливост е потребна за лицата со посебни потреби
154
SHARES
185
VIEWS
Сподели на FacebookСподели на Twitter

47  годишниот Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар за прв пат откако 29 години е во инвалидска количка сам успеа денес да влезе во објектот на општината преку пристапна рампа со лифт за да може да присуствува на пригоден настан по повод меѓународниот ден на лица со посебни потреби.

-Со обичка количка ме дигале тројца луѓе на раце и така сум влегол на два три пати во општината. Сега сам успеав, треба мала корекција на рампата но секој случај одлично што општината да се сети да го постави лифтот, изјави Велибор Јаќимовски.

Тетовската градоначалничка Теута Арифи истакна дека наследиле непристапна рампа која е заменета од нивна страна.

-Сега е функционална рампата, ако има детали ќе ги разрешиме. Сметаме дека во текот на оваа година направивме значаен исчекор во подобрување на условите за лицата со посебни потреби. Туѕка ги издвојуваме проектите за пристапноста во текстилното училиште и во ОУ Лирија. Исто така имаме 22 психолози и терпевти кои може да работат со секое дете со аутизам како лични асистенти, и сите кои имаат потреба може да добијат таква помош, рече Арифи.

Во рамки на Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците на  Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ беа споделени позитивните искуства од проектните активности реализирани во партнерските општини.

–Ние подготвивме документ каде се опишува идеалната заедница и поставува одредени цели на кои на начини треба да се задоволат посебните потреби. Општините понатаму треба да подготват акциски планови. При самопроценката наидовме на добри практики како иницијативите за лични асисистени и слично но најголема пречка е неразбирање од лица со типичен развој и предрасудите и затоа мислиме дека треба да се работи на промена на ставот и мислењето. Овој инструмент воедно е аларм и будилник за состојбите, рече Елена Мишиќ од проектен координатор во Фондацијата.

Проектот се спроведува во шест општини со цел да има посеопфатно надминување на проблемите, а не само во одредени сектори.

Тагови: ден за лица со посебни потреби

Поврзани објави

Поштенска марка со логото на Универзитетот во Тетово
Вести

Поштенска марка со логото на Универзитетот во Тетово

12/12/2019
Документарен филм и дискусија за жените и нивните предизвици во патријархалните општества
Вести

Документарен филм и дискусија за жените и нивните предизвици во патријархалните општества

12/12/2019
Иселениците од Америка донираа 22 музички инструменти за училиштето во Вратница
Вести

Иселениците од Америка донираа 22 музички инструменти за училиштето во Вратница

12/12/2019
Во Тетово се одржа првата јавна расправа во рамки на проектот за развој на регионаната депонија во Полошкиот регион
Вести

Во Тетово се одржа првата јавна расправа во рамки на проектот за развој на регионаната депонија во Полошкиот регион

12/12/2019
Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески денес во посета на Тетовско
Вести

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески денес во посета на Тетовско

11/12/2019
Три уметнички програми за одбележување на 25 години од основањето на Универзитетот во Тетово
Вести

Три уметнички програми за одбележување на 25 години од основањето на Универзитетот во Тетово

11/12/2019
Следна објава
Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнс одржа предавање на Универзитетот во Тетово

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнс одржа предавање на Универзитетот во Тетово

Tetovo, Macedonia
четврток, декември 12, 2019
Mostly Cloudy
3 ° c
84%
1.24mh
-%
7 c 0 c
пет
8 c -2 c
саб
10 c 0 c
нед
12 c 0 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2019 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2019 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

error: