• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Проектот „Стоп на говорот на омраза“ завршен со изложба на слики од средношколци

15/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со изложба на слики изработени од ученици беше завршен проектот „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово во соработка со ОБСЕ и тетовската и гостиварската локална самоуправа.

Во Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово беа претствени 25 експонати изработени  од исто толку ученици средношколци. Со проектот вкупно беа опфатени околу 3000 првокласници од тетовските и гостиварските среднио училишта кои посетуваат настава на македонски, албански и турски јазик.

-Во рамки на овој проект беа одржани голем број предавања во средните училишта на кои најмладите средношколци првокласници од страна на полициски службеници на СВР Тетово стручно оспосбени за таа тема поблиско беа запознати со тоа што претставува говорот на омраза, како може да се препознае истиот како се манифестира, како да се превенира и кои можат да бидат психосоцијални и општествени последици. На предавањата исто така им беше претставено односно беше направена дистинкција што е говор на омраза, а што е слобода на изразување односно дека тие два феномени не се исто и дека најдобри и општествено најполезно е младите да се воздржуваат од говор на омраза пред се на социјалните мрежи и воопшто во комуникацијата со нивните врсници и повозрасни лица. Целта на проектот исто така беше преку предавања и други форми да им се укаже на младите повеќе да го преферираат како поведение почитувањето на различностите пред се меѓу врсниците, различности од етничка, социјална, полова, расна и друга природа, различностите да претставуваат вредности а не хендикеп во секојдневното пулсирање и живеење и истите да се афирмираат и унапредуваат во секоја прилика, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Марјан Јосифоски 15621

Катерина Филиповска Стефановска, ликовен педагог, професор по ликовна уметност и историја на уметност која беше ментор на учениците во гимназија, медицинско и економско училиште истакна дека учениците ги изработија сликите со акрилни бои на платна.

-Тоа можеби на некои од нив, за прв пат се среќаваат со овој начин на техника и работа, затоа што во средното училиште најчесто се работи со водени бои, темпери, туш, основни сликарски ликовни техники, прибор и материјали. Со нивна асистенција и моја консулатација, ми рекоа дека воопшто не им било тешко за работа, добро се снашле со техниката и изборот и начинот на кој ја прикажале оваа содржина. Виделе примери од интернет, од секојдневието и се она што го размислувале го пренеле како идеја и мислам дека добро го реализирале овој начин на прикажување на оваа тема.  Знаат дека освен насилството кое што физичко некогаш се наметнува, некогаш говорот на омраза значи и повишен тон и погрдни зборови, и на начинот на кои што тие може да учествуваат и да го спречат тој начин, бидејќи цивилизираниот начин на комуникација секогаш на сите ни одговора, изјави Катерина Филиповска Стефановска, ликовен педагог, професор по ликовна уметност и историја на уметност.

Соработката на училиштата со полицијата е повеќенасочна и голема е важноста и резултатите кои ги дава кога во прашање е безбедноста, потенцираше во обраќањето, Ахмед Ќазими, раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Тетово.

-Во 2013 година од кога сум на оваа должност имаше 37 нарушувања на јавен ред и мир, а сега немаше ниту едно. Се вели дека немаше настава, но сепак имаше настава со физичко присуство до трето одделение, па сепак не се бележи во училиштата никаков проблем, ниту сообраќаен прекршок или слично. Училиштата се безбедни затоа што 24 часа се обезбедувани од полицијата и резултат на нивната работа на тое поле, рече Ќазими.

На учениците и нивните ментори кои учествувале во подготвувањето на изложбата им беа доделени пригодни сертификати. 

А.С

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

Шимширски молец им додева на луѓето и ги суши зелениките во тетовските села

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!