• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Проект за подобрување на менструалната хигиена во ОУ „Андреја Савески Ќиќиш“ во Тетово

26/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Основното училиште „Андреа Савевски Ќиќиш“ е првата образовна установа каде се спроведува пилот проект за подобрување на менструалната хигиена со тоа што ќе се делат бесплатни средства-влошки и се направи адаптирање на женските тоалети.  Проектот е на Здружението Новинари за човекови права со поддршка на Британската амбасада.

– За наредните три месеци тука ќе има средства за менструална хигиена-влошки кои ќе можат да ги земаат бесплатно девојчињата. Адаптиравме два тоалети според стандарди за управување со менструална хигиена што значи обезбедивме пристап до вода во самата кабина од тоалетот, со поставување на чешма, поставени се и две канти каде посебно ќе се собираат хартија и влошките и тампоните. Потребно е да има во кабината сапун и хартија за бришење раце. Идејата е и државата да им овозможи на секое девојче да добива бесплатен пакет за менструална хигиена. Во секое училиште да има катче каде ќе се има сет за менструална хигиена, спакуван и секое девојче да го добие од класниот раководител од 1 до 5-ти во месецот. Ја повикувам бизнис заедница да донира со цел да се обезбедат влошки за сите училишта, како и државата да го намали данокот од 18 на 7 отсто за овие производи, изјави Наташа Доковска од Здружението.

-Во рамките на проектот за подобро одржување на менструална хигиена ние реализиравме и активности преку предавања за ученички во репродуктивниот период од повозрасните од 6 до 8 одделение, а денес е завршната активност.  Се надевам дека вакви хигиенски средства во иднина ќе се добиваат контунирано бесплатно, рече Дијана Ценовска, директорка на училиштето.

Д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје посочи дека менструалната хигиена е важна за целокупното здравје на поединците но и на сите заедно.

-Подолго време во оваа насока работиме според „Протокол за вода и здравје“. Менструалната хигиена за мене како доктор по хигиена и здравствена екологија е многу важна затоа што ако имаме бесплатни менструални продукти девојчињата ќе имаат подобро здравје.  Со добри практики од здравствен аспект ќе ја унапредуваме здравствена состојба кај младите и кај девојчињата во репродуктивниот перид, рече Кочубовски.

Проектот е насловен „Да ја искорениме менструалната сиромаштија“.

– Да се стави крај на менструалната сиромаштија, значи дека треба да се стави крај на ситуацијата во која девојчињата немаат пристап до хигиенски производи, да се срамат да побараат па поради тоа да не може да оди на училиште. Во Велика Британија имаме до 50 проценти на случаеви, но тука во руралните области тоа достигнува и до 90 проценти. Тоа не е прифатливо и мора сите да работиме за промена. Мора да биде одржливо ова и да биде поддржано од властите и бизнисите. Целта е да не влијее врз нивното образование, истакна британската амбасадорка Рејчеј Галовеј.

Пилот проектот ќе се спроведе и во ОУ Гоце Делчев во Ресен.

 

Тагови: менструална хигиенаоу кикиш

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Изложба на цртежи на деца со аутизам, дел од процесот за инклузија во редовна настава

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.