• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Промовирана книгата „ Дванасет македонски фотограф(к)и“

16/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово беше промовирана книгата „Дванасет македонски фотограф(к)и“, заедничко дело на авторите Драги Неделчевски од Тетово и Никола Гелевски од Скопје. Дванаесетмината фотограф(к)и се претставени со по неколку фотографии и нивни одговори на прашањата:  „Што е за вас фотографијата?“ „Кажете ни неколку зборови за конкретните фотографии застапени во книгата“.

-Неколку години имавме идеја за создавање на вакво дело и еве сега се поклопија работите. Добвиме грант од Министеството за кулурата. Тешко е да се одбере 12 фотографи, кога има експанзија на фотографијата,а има доста признаени фотографи дури и надвор од земјата, не беше лесна задачата на само 12 да го сведеме изборот, сепак возбудливо беше истражувањето, рече Никола Гелевски.

Во книгата се застапени авторите Зоран Шекеров, Маја Аргакијева, Иван Блажев, Васе Аманито, Владимир Арсовски, Дејан Колевски, Билјана Јуруковски, Иван Илиев, Весна Каревска, Самир Љума, Лилика Стрезоска и Натали Башоски.

-Тука во Македонија нема книга за да ги претстави македонските фотографи. Голема чест и предизвик за мене беше како да биде концептот, какви фотографии да претставиме кога има многу фотографи кои работат добра фотографија. Се најдовме со Никола и имавме слична концепција, сакавме да претставиме македонски фотографи кои негуваат фотографија блиска до современите трендови. Да покажеме дека и Македонија има што да понуди. Без вакви книги тоа не се гледа не е забележително. Тешко се правеше изборот, рековме да бидат 10 автори, ама потоа пресековме да бидат 12, дури цела година одлучувавме, изјави Драги Неделчевски.

Промоцијата на книгата беше составен дел од проектот „Медиумот е порака“ во чии рамки се одржа и разговор на тема „Сликата на другиот“ во кој учествуваа Никола Гелевски, Искра Гешовска, Бојан Иванов, Драги Неделчевски и Елмедина Шафи.

 

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Доделени награди на меѓународниот натпревар за квалитет на мед во организација на здруженија „Полошки мед“ и „Градот на пчелите во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.