• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Промовирана книгата „Тивкиот фронт на Виктор Аќимовиќ“ на тетовскиот публицист Бранислав Светозаревиќ

13/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Промоција на книгата „Тивкиот фронт на Виктор Аќимовиќ“ од авторот, публицистот Бранислав Светозаревиќ се одржи синоќа во Државното музичко училиште во Тетово.  Промотори на книгата беа проф.д-р Виолета Ачковска и проф. Оливер Андонов.Станува збор за историско архивистичка книга.

-Виктор Аќимовиќ е роден 1915 во Тетово каде живеел до 1941 година. Починал во Скопје во 1987 година. Тој бил македонски револуционер, деец, подоцна и новинар и фотографски автор. Знаел седум јазици, уште на 19 години имал отворено весник во Тетово, се бори за македонскта кауза. Енигмата кај него е разузнавачката работа за советската служба НКВД. Бил осудуван од повеќе власти, режими и фашистичките окупатори,  вели авторот Светозаревиќ.

Авторот Светозаревиќ книгата ја пишува неколку години откакао нашол одреден број документи за Аќимовиќ. Според авторот во тајните служби на неколку држави постојат уште документи за Аќимовиќ што значи дека уште може да се пишува.

-Освен за НКВД се смета дека работел и за британската служба МИ6. Со оглед дека живеел поинаков живот, никогаш не бил разбран во својата средина, но од друга страна преку фотографијата успева да добие врвни награди низ Европа. Понудено ми е сценарио за филм бидејќи тој секогаш бил на линијата на животот и смртта сметам дека живеел налик на Џемјс Бонд. За него постоја документи кои не се достапни во Москва, Лондон и во Софија, рече Светозаревиќ.

Ова е 11-та книга на авторот Бранислав Светозаревиќ, роден 1966 година. Тој е доктор по историски науки, а научно истражувачката дејност ја врши во областите на историјата, архивистиката, музеологијата и културата.

 

 

 

Тагови: браниславкнигасветозаревич

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

СВР Тетово со проект „Безбедни училишта-за меѓуетнички соживот и толеранција“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!