• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Промовирана монографија за тетовската музичка група Серенада

06/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово вчера беше промовирана монографијата „Серенада-музичка метафора“ од Диме Оклевски-Окле, посветена на 40 години од формирање и творештво на тетовскиот музички состав Серенада. Авторот е воедно и еден од членовите кои четири децении е дел од групата.

-Од маалско дружење настана Серенада. Ние се собиравме во маалото и пеевме навечер кај професорот по музика Андро Апостолски. Некој од соседите му рекол прибери ги децата во хор, не можеме да спиеме навечер, затоа што до доцна сме пееле. Така и тој не повика во друштвото „Иљо Антески-Смок“ каде членувавме во пејачка секција, хорот и во музичката група. Така почнавме, а најзначајното за Серенада е што ја негуваше и зачува тетовската страоградска песна, изјави авторот.

Монографијата има 104 страници, а изработени се и два видео записи со фестивалски и староградски песни.

-Важно е во монографијата што има и историски информации за музичките групи во Тетово изминатите децении, кои настапувале паралелно со нас, голем број се застапени со слика и податоци, рече Оклевски.

На промоцијата зборуваше и писателот Јован Дамјановски, а беа изведени најпознатите песни на Серенада.

Тагови: 40 годинимонографијасеренада

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

Се одржа 25-тото, јубилејно издание на детскиот музички фестивал „Пчеличка“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!