• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Промовиран романот „Кафез за душата“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски

За најновиот 16-ти роман пред тетовската публика зборуваа писателите Мишел Павловски и Веле Смилевски, кој воедно е уредник на книгата и автор на поговорот на делото.  Романот го претставува животот на тетовка која била на специфична работа во Париз, Франција во јавна куќа, а потоа во родниот крај се обидува да најде нов пат во животот и да побегне од неморалот во кој живеела.

23/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Свечена промоција на најновиот роман „Кафез за душата“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски се одржа вчера во Тетово. За најновиот 16-ти роман пред тетовската публика зборуваа писателите Мишел Павловски и Веле Смилевски, кој воедно е уредник на книгата и автор на поговорот на делото.  Романот го претставува животот на тетовка која била на специфична работа во Париз, Франција во јавна куќа, а потоа во родниот крај се обидува да најде нов пат во животот и да побегне од неморалот во кој живеела.

-Мотивациската структура на делото претставува длабок допир со стварноста на луѓето кои како сенки, незабежително минуваат низ животот.  Стожерна точка на романот е верувањето дека главниот лик ќе се оттргне од сеќавањата за промашениот живот но за тоа е потребна голема психолошка сила. Се претставува ликот во постојаната борба со објективноста и субјективноста. Авторот нема амбиција да наметне став за смислата на животот, туку остава простор тоа самиот читател да го направи, истакна Веле Смилевски.

Мишел Павловски потенцираше дека авторот Дамјановски во романот го опишува она што секој човек си го прави сам на себе си-односно „си става кафез на душата“.

-Кафезот е конструиран од самата сопственичка на душата, главниот лик мадмоазел Ивон. Ние сами се ограничуваме, ние сами дозволуваме некој друг да не ограничи.Многу интересен дел е пршаањето за односот на етиката и лицемиерот и отвореноста. Тука мислам дека мајсторски Дамјановски си поигрува во содржината. Главниот лик со храброста како да се спротиставува на наметнатите норми кои сака да ги деконструира и повторно да ги редефинира, рече Павлоски.

Јован Дамјановски ја користи словенската антитеза како стилска фигура во романот.

-Пораката на овој роман е дека сите луѓе па и Ивана се вградуваат но и се користат со колективната свест. Таа се обидува да ја најде вината за сопствениот живот. Во филозофска смисла користам толстоевштина, според која, човекот е и добар и лош во зависност само од околностите. Како психолошки роман ја користам аналитичката психологија на Карл Густав Јунг кој работите ги разјаснува поединично но и како колективна свест. Во моите моите книги, се разбира, ја користам тајното прозорче на тетовската душа и се огледалувам на посебното огледало на мојата душа, рече авторот.

Авторот Дамјановски е роден 1946 година во Тетово и член на Друштвото на писателите на Македонија. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1992 година. Автор е и на книги со раскази, драми и сценарија.

 

 

Тагови: јован дамјановскикафез за душатароман

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава
вмро дпмне тетово

ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово со реакција на прес конференцијата на ОО СДСМ Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.