Докторите, медицински сестри и друг персонал во Клиничката болница во Тетово денес половина час учествуваа на јавен протест со цел да укажат на потребата да се спречи насилството врз вработените во здравствениот сектор. Тие се собраа во кругот на клиничка болница и на половина час ја прекинаа нивната работа.
-Целта на овој собир е да се спречи насилството врз лекарите и другиот персонал. Бараме од надлежните и од полицијата да не заштити и да не се повторуваат нцидентите кои ги имаше во клиничка болница во Тетово. Секојдневно се соочуваме со разни притисоци и вербални напади, а состојбата кулминира со физички напад, изјави д-р Махир Камбери, специјалист по радиодијагностика.
Во клиничката болница во Тетово работат околу 170 доктори, медицински сестри и друг персонал.