• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Протест поради отворање казино пред една од тетовските градинки

22/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во организација на Движењето против коцкање во Тетово денес се одржа јавен протест во знак на како револт што се работи на власите дозволуваат отворање на казино пред една од тетовските градинки. Членовите на Движењето и поддржувачите денес го блокира сообраќајот пред градинката на кружниот тек на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ и улицата „Браќа Миладинови“.

-Ние како Движење против коцкање сме посветени, презедовме обврска и должност дека енергично ќе се бориме против понижувањето и уништувањето што ни се случува полека и трајно, затоа инсистираме на моделот на опстанок: почитување на актуелниот закон и затворање на сите објекти за игри на среќа  до донесување на новиот закон прифатлив за граѓанинот порано во соседна Грчка,сега во Албанија и Косово а според информациите што ги имаме ќе биде донесен во Црна Гора. Не сакаме да бидеме дел од политичките конфронтации, иако нашата битка и видливост зависат главно од политиката, затоа ќе бидеме принудени да ги демаскираме двојните игри кој и да ги игра, како и да ја подигнеме свеста кај граѓанинот и родителите да бидат во одбрана нашите семејства, истакна Џемал Абдиу од Движењето на обраќањето при протестот.

Тој во изјава за медиумите истакна дека од ноември 2016 од кога почнале со иницијативата постојано се соочуваат со промена на власта и со тоа нова борба во насока да се донесе соодветен закон како да се спроведуваат игрите на среќа.

-Објектот близу универзитетот успеваме да не се отвори и оттогаш неколку влади се сменети. Секој предлог на закон за игри на среќа што се дава ни доаѓа секогаш полош и полош. Што значи тоа, не се прифаќаат барањата на Движењето Антикоцкање. Во моменти кога сме биле многу блиску веќе 2019 со другата Влада ни дава друг предлог. Тој предлог не ги исполнува никако нашите барање и затоа ние продолжуваме, рече Абдиу.

Тој објаснува дека не се согласуваат со актуелниот предлог објекти на игри на среќа да бидат на 500 метри подалеку од основно и среди училишта, туку од сите јавни обејкти.

-Наше барање и предлозите од порано што ги имавме сите вклучени сите институции од јавен карактер. Целта беше само да се внесат и други објекти како што верски објекти и центрите на градовите. Сега во овој случај сме многу далеку од нашите барање и најлошото е што во последниот предлог апсолутно и градинките не се вклучени и заради тоа денес протестираме. Ние не можеме во ситуација близу реклами за памперси да има реклама за казина, рече Абдиу.

Вработените во јавната установа детска градинка „Младост“ предводени од в.д директорот Буран Исени ја поддржаа оваа активност и беа присутни на протестот.

-Како установа детска градинка ние го поддржуваме овој протест бидејќи се работи за отворање на казино многу блиску до градинка. Активностите децата, кога е добро време ги одржуваат надвор од просториите, дворот на градинка и затоа ние сме против отворање на ова казино, изјави Буран Исени.

На протестот беше присутен и тетовскиот градоначалник Биљал Касами. Се обратија повеќе активисти на Движењето како и универзитетскиот професор Муса Мусаи.

ас 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Јавна дебата за урбаниот блок 57/А (ШИК Јелак)-градоначалникот Касами смета дека тешко е остварлива новата иницијатива за нов градски парк

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.