Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово објави дека нивниот професор Вељанд Рамадани е евидентиран меѓу најцитираните научници во светот во категоријата „Бизнис и менаџмент“ на системот за цитирање Мендели.
-Професорот Вељанд Рамадани е рангиран во ТОП 4% од најцитираните научници во светот за 2019 година во категоријата „Бизнис и менаџмент“. Резултатите се објавени во “Updated science-wide author databases of standardized citation indicators”. (https://data.mendeley.com/datasets/btchxktzyw/2). Оваа листа се базира на податоците за цитати во 2019 година, соопштија од УЈИЕ.
Проф. д-р Вељанд Рамадани е роден 1979 година и професор на Факултетот за бизнис и економија. Тој е автор или коавтор на околу 130 научни трудови, 11 универзитетски учебници и уредник на 16 научни книги. Според Google Scholar, неговите дела се цитирани околу 3.000 пати.
Мендели е бесплатен систем за организирање и наведување на користена литература и библиографија при изработка на научни трудови.
А.С