• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Работилница „Грнчарството-занает и уметност“ во Музејот на тетовски крај

25/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Националната установа „Музеј на тетовски крај“ овие два спроведува интерактивна едукативна работилница со наслов „Грнчарството-занает и уметност“ како дел од годишната програмска работа на институцијата. Беше ангажиран мајстор грнчар кој на ученици и го пренесе процесот на изработка на грнчарски производи теоретски и практично со можност дел од нив самите да изработат предмети од глина.

-Работилницата има за цел потсетување на начинот на изработка на предмети од глина, посочување на важноста на занаетот како извор на живот на поединецот и заедницата во минатото, неговата големина како етно обележје но и поттик за негување на традицијата од страна на младата популација. При подготовка на овој коценпт појдовна точка ни беше тоа дека занаетот порано бил многу развиен во тетовско како главна или дополнителна стопанска дејност на поедици или групи. Да не беше годинава со пандемија ќе биде едно големо дружење помеѓу школската популација во поинаков простор и повеќе време со натпреварувачки дух и слично, изјави Валентина Гавриловска, виш кустос-етнолог во Музејот.

Како се прави едно грне учениците ги запознаваше Слободан Столески од Вранештица, Кичево чие семејство со векови наназад се занимава со оваа дејност.

-Грнчарството е еден од најстарите занаети со оглед дека со илјадници години се користат земјените производи за домашна употреба како грнињата, стомните за вода и други. Занаетот е во изумирање, само малку луѓе го работат. Им пренесов на децата видат како се работи грнчарски производ на гранчарско тркало и покажавме филм како е процедурата. Од копање на глината во земја, потоа обработка на глината во работилница, обликување во предмети и завршниот дел кога се печат производите во фурната, изјави Столески.

Мотото на работилницата е „Животот мора да продолжи“.

А. С

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Тетовското музичко училиште одбележа 70 години од постоењето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!