• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Работниците на Тетекс Јарн се уште ги немаат добиено платите за февруари и март

Тие денес повторно добиле негативен одговор од управителот и своето незадоволство ќе го изразат преку нови јавни протести кои веќе на неколку пати досега ги одржаа.

16/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Околу 160 работниците на фабриката за производство на предиво и волница Тетекс Јарн Лимитед се уште ги немаат добиено платите за февруари и март, по затворањето на фабриката на 1-ви април. Тие денес повторно добиле негативен одговор од управителот и своето незадоволство ќе го изразат преку нови јавни протести кои веќе на неколку пати досега ги одржаа.

-Сега имавме состанок, се уште ги немаме добиено двете плати кои чесно се заработени. На денешниот состанок ни беше кажано дека нема решение, а управителот ни рече дека немало пари за исплата со образложение дека границите се затворени и не може да се продаде робата. Од друга страна ние често пати сме гледале како со десетици камиони се извадени тони роба и стотици тони старо железо од машините. Сметаме дека имаше останото околу 30 тони роба, волница и друго, како и дека има пет погони. Од само еден погон е извадено 60 тони железо и сметаме дека е продадено, но нема волја досега да ни дадат платите, изјави Ванчо Ѓеровски, претставник на вработените.

Тој потенцира дека работниците и понатаму ќе бараат преку институциите да им се исплатат платите.

-Апелираме Владата да ни помогне, ние сакаме да протестираме и пред Владата.  Ќе протестираме и пред амбасадата на Бугарија бидејќи сопственикот и управителите доаѓаат од таму. Сакаме да им кажеме дека нивниот бизнисмен тука оставил лош впечаток како работодавач и дека тоа лошо влијае врз репутацијата на идните ивенститори, рече Ѓеровски.

Управителот Петар Камбуров не беше достапен за коментар на состојбите, поради зафатеност со состаноци.  Тој единствено има дадено изјава за медиумите на 21 април, кога истакна дека плати нема поради друга причина.

-Проблемот со платите е во тоа што бившиот директор и адвокатот на фирмата на 31 март потпишале документи со кои што непрописно се блокирани сметките на фирмата. Секое евро кое ќе влезе на сметката на Тетекс Јарн Лимитед треба да отиде на сметката на адвокатот. Кажувам дека е непрописно бидејќи знаеле дека од 1 април никој нема право да прави блокади на сметките на фирмите. Доколку тоа прашање не се реши нема како да ги исплатам платите на вработените, истакна на 21 април Петар Камбуров.

Работниците неколку пати досега имаа јавни протести, а случајот го имаат пријавно во трудов инспекторат и други институции.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Во тетовскиот регион се бележат 13 нови случаи на заболени поради коронавирусот, додека излекувани се три лица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!