Четириесет и седум годишна жителка на Тетово вчера околу 21.30 часот во полиција пријавила дека во нивниот дом вооружени лица извршиле напад и кражба. Таа била дома заедно со нејзината ќерка.
-Во СВР Тетово било пријавено дека неколку непознати лица со физички напад врз 47-годишна тетовка и со закана со пиштол влегле во нејзиниот дом на ул.„Маршал Тито“, каде била заедно со нејзината ќерка. Одзеле пари, телефон и златен накит. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти СВР Тетово.
По консултација со Јавен обвинител, увид во станот извршила екипа од СВР Тетово.
Од полицијата и информацијата дека Б.Х.(47) од с.Ново Село, пријавил дека на 09.08.2020 околу 23:30 часот неговиот 15-годишен син, додека работел во угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Тетово, поради недоразбирање околу нарачка, бил физички нападнат од 17-годишник од Тетово.
На 09.08.2020 година во 18.50 часот, во Полициска станица -Тетово Е.Г.(28) од с.Ново Село пријавил дека околу 17.00 часот, додека бил со неговото патничко возило „поло“, со тетовски регистарски ознаки, во близина на угостителски објект во месноста „Бањиче“ во Тетово, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат со тврд предмет од страна на непознато лице, кое било со патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки.