• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Само во февруари откриени и казнети луѓе за 1800 сообраќајни прекршоци во Тетовско

02/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на изминатиот месец февруари на поширокото тетовско подрачје, во редовни и 34 засилени и други акциски контроли полицијата вкупно има откриено 1800 различни видови сообраќајни прекршоци. Во споредба со февруари 2021 има повеќе констатирани неправилности бидејќи лани имало 113 помалку.

-Во контролните активности, спроведени минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 66 возила, од кои 54 поради истечена регистрација до и над 30 дена и 12 поради утврдена техничка неисправност, најмногу на сопирачките.  Во февруари, исто така, од сообраќај биле исклучени и 221 возач, од кои 135 управувале без возачка дозвола, 28 под дејство на алкохол, 46 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот и 12 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на 28 дена од минатиот месец времено биле одземени девет возила, 76 возачки  и 43 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 219 непрописно паркирани возила.

Според податоците на одделението за статистика во овој период биле изготвени и 238 писмени предупредувања. Биле организирани и сообраќајни поуки на кои присуствувале 23 лица, претежно пешаци кои претходно направиле различни прекршоци.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Тетовскиот Црвен крст со пригодна активност по повод „Неделата за борба против ракот“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.