Изграден е пред 20-тина години, се нарекува автопат Тетово-Гостивар, но сепак е експресен пат на кој се наплаќа патарина и е во лоша состојба. Патот има 4 коловозни ленти и дупки на целата должина од речиси 20 –тина километри. Валентин Тасески, кој во минатото бил надзорен инжинер на патот, ретко имал можност да следи како се извршуваат санации.
„Направен е патот негде 1997/98 и оттогаш наваму е многу ретко саниран. Крпењето на спорадичните ударни дупки е многу ретко правено и се гледаат последиците од тоа. Ги има во голем дел поготово од Жеровјане кон Гостивар десната трака, и од Жеровјане кон Тетово десната трака“, вели инжинерот.
Сегашната лоша состојба е резултат на неодржувањето на оваа делница, вели тој.
„Дополнително заради не одржувањето односно можеби и дел потрфлањето што не е автопат него е експресен пат лошо е димензионирана подлогата и многу места има многу длабоки колотрази. Тоа особито доаѓа до израз и ја демонстрира целата опасност кога има обилни дождови. Ако пред вас вози поголемо товарно возило, дека буквално не можете да возите од водата што ја прска возилото возејќи по колотразите кои се по 3-4 сантиметри длабоки, истакна Тасески.
Летоска, Зоран Китанов директорот на јавното претпријатие за државни патишта најави дека ќе почне изработката на проектната документација со која Тетово-Гостивар ќе се реконструира и ќе се проширува како автопат. Дополнително треба да наоѓаат и пари.
„Овој автопат го наминал „своето“-како да кажам градба, затоа што преголема е фрекфренцијата, овој пат веќе е претесен. И дадовме проектната задача до градежен факултет, избработена е, има две алтернативи, но и двете се многу убави, значи автопатот до биде на ниво на стандарден автопат. Самите ленти да бидат 3,75 со 3,50 со 2, 50. Веќе едната проектна задача ја имаме изработено, од Градежен факултет и можеме да тендерираме за главен проект што значи да се обезбедат средства, да се размисли втората варијанта, која е многу интересна, рече Китанов.
Патот Тетово-Гостивар има значење и за создавањето на пан-европските патни коридори за поврзување со оглед дека е дел од Коридор 8, правец кој ги спојува Јадранско море од Драч и Црно море кај Варна.
Александар Самарџиев