• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Саниран бетонскиот покрив на планинарската кула на Титов врв

Планинарите од клубот „Аргентус Моунт“ викендов ја завршија акцијата за санација на бетонскиот покрив на планинарската Кула на Титов врв. Направена е замена на старата битумен изолација, исчистен покривот и поставени нови вкупно 950 килограми цементно-полимерен малтер како и соодветна хидроизолација.

10/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарите од клубот „Аргентус Моунт“ викендов ја завршија акцијата за санација на бетонскиот покрив на планинарската Кула на Титов врв. Направена е замена на старата битумен изолација, исчистен покривот и поставени нови вкупно 950 килограми цементно-полимерен малтер како и соодветна хидроизолација.

-На 9 септември вчера нанесен е 10 кг водоодбоен премаз хидрофоб-21 со што е извршена комплетна  санација односно репарација и хидроизолација на бетонскиот покрив и заштитен од натамошно распаѓње и протекување на вода. При последната акција беше поставен и покрив на оџакот на  Кулата од поцинкуван материјал, изјави Зија Јонузовски, секретар во клубот.

За да се изврши оваа санација потребни беа неколку месеци само за носење на материјалите.

– Од февруари досега беа организирани 11 планинарско работни акции за да се пренесат 835 кг хидроизолациони материјали. Материјалите во април беа донесени од Попова Шапка со ратрак до кота 2550 метри надморска височина. Материјалот беше подготвен  во мали најлонски пакувања и со наменската планинарско работна акција на 23 јуни стотина планинари на раце беа префрлени околу 700 кг, а преостанатите 135 кг беа префрлени на раце од планинарите од ПК „Аргентус моунт“. Во јули со теренско возило беа транспортирани потребните алати за работа до Кота 2370 мнв. а од таму на раце од планинарите од нашиот клуб префрлени до Кулата, објаснува Јонузовски.

Во текот на летото паралелно со овие активности се работеше и на поставување на втората катна платформа во Кулата. Во јули ја формираа втората катна платформа во внатрешноста со поставување на челични греди и табли.

Планинарите од Аргентус Маунт во 2016 година носејќи материјал на раце започнаа реконструкција на планинарската кула на Титов врв за да се спречи распаѓање. Во текот на овие години беа поставени врата, прозорци, панел за соларна енергија, реконструкција на камените ѕидови и многу други поправки. Планинарската Кула на Титов врв на 2747 метри надморска височина е изградена во 50-тите години на минатиот век како уникатно планинарско засолниште и симбол на планинарството.

 

 

Тагови: аргентус моунтпланинарска кулапокривреконструкцијатитов врв

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Алијанса на Албанците бара лидерска средба каде ќе бидат албанските партии и меѓународни претставници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.