• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово бележи стабилна безбедносна состојба и подготвеност за изборите

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска во посета на СВР Тетово.

12/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово е подготвен за изборите и нема закани по безбедноста, оцени денес при посетата на овој сектор, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска. Ова е прва посета на секторите, кои Петровска најави дека ќе ги направи во периодот што следува.

-Со раководството на СВР Тетово разговаравме за повеќе теми. Прво тие ме информираа за безбедностната состојба на подрачејто на СВР Тетово и истата ја оценија дека е стабилна, нема нарушувања на јавниот ред и мир ниту поголеми безбедносни закани и втората тема на која дискутирваме се претстојните парламентарни избори и подготвеноста на колегите од секторот за справување односно организација и успешно менаџирање. И тука не беа посочени некои критични точки, нивната работа теренска е поставена, во рамки на своите надлежности ги извршуваат секојдневно своите обврски и не очекуваме ниту нарушувања ниту закани за граѓаните за периодот кој претстои, изјави Петровска.

Освен во СВР Тетово, Петровска посети и други организациони единици односно одделенијата за внатрешни работи во Гостивар, Камењане и Жеровјане, како и гостиварската сообраќајна полиција.

Министерот за внатрешни работи е тој што треба да го реши проблемот со пасошите, а ако не знае треба да побара совет, изјави за медиумите на новинарско прашање дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска при денешната посета на СВР Тетово.

– Жалам што Министерот не сака да ги презентира сите докази, тој е министер не да изнесува жалаби туку да ги решавам проблемите на граѓаните. А ако не знае како, нека побара совет ние сме подготвени да му помогнеме. Службите веќе го информираа дека е можно да се појави проблем со издавањето на патните исправи. Го повикавме министерот најбро што може да донесе одлука со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните, рече Петровска.

Таа посочи дека иако е период на изборите не смее да се наруши легитимно право на граѓаните да имаат свои патни исправи.

-Не смееме да им го скратиме правото по ниту еден случај, очекувам од него брза реакција и одговор за надминување на овој проблем. Во однос на личните карти тие се издаваат редовно и без застој.  Одговорност мора да има затоа што издавањето на патни исправи за граѓаните треба да биде и е една од надлежностите на ова министерство.  Јас апелирам да се најдат решение најбрзо што може. Министерот го има тоа како овластување. Наместо да се занимаваме со некои споредни работи треба да излеземе во пресрет на барања на граѓаните, рече Петровска.

Тагови: дополнителен заменик министерпосетасвр тетово

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Градоначалничката Теута Арифи на славење во Тирана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!