Во време на ограниченото движење вчера околу 20 часот, машко лице кое управувало возило фолксваген на излегување од тетовската болница започнал да упатува навреди и закани кон полицајци застанати на пункт за контрола на улицата 29 ноевмри, по што побегнал, соопшти денес СВР Тетово. Од таму велат дека потоа се утврдил идентитетот на човекот, од Брвеница, кој во текот на денот ќе бидет повикан во полициска станица Тетово.
-Во изминатите 24-часа (19/20-мај) нема прекршување на ограниченото движење на тетовскиот регион. Писмени предупредувања за неносење маски има за нови седум лица или од воведување на мерките регистрирани се вкупно 311 кои добиле таков поднесок, информира тетовската полиција.
Регистрирани 5 нови лица кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а биле контролирани вкупно 195 лица. Нема нови решенија за самоизолација, а е извршена контрола кај 23 лица.
А.С