• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово: Гласната музика во угостителските објекти се казнува до 1000 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово упатува апел до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музичките групи. Истовремено ги потсетува дека глобата за ваквиот вид прекршок се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност според  член 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

13/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово упатува апел до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музичките групи. Истовремено ги потсетува дека глобата за ваквиот вид прекршок се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност според  член 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

-Ова најмногу се однесува на објектите кои се наоѓаат во приземјата на станбените згради Летово и посебно во текот на овој месец, во Полошкиот регион присутна е зголемена раздвиженост во угостителските објекти и пред се во кафулињата и во дискотеките, посебно во вечерните часови. Во овие објекти речиси секојдневно се организираат различни забави и друг вид дружби, неретко проследени со гласна музика, која ги вознемирува другите граѓани, а пред се оние што живејат во близина на угостителските објекти, објаснува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира, исто така, угостителите да не дозволуваат престојување на малолетници во објектите по 24 часот, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци. За послужување алкохол на малолетници, угостителите можат да бидат и кривично гонети.

 

Тагови: апел гласна музикасвр тетово

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

По 14-ти пат започна традиционалниот турнир во мал фудбал во Фалише

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.