Тетовската полиција апелира доследно да се почитува Законот за лов со оглед дека изминатиот викенд на поширокото полошко подрачје официјално беше отворена новата ловна сезона. Целта е навреме да се превенираат и пресретнат незаконските постапки на поединци, за што СВР Тетово во соработка со другите служби, значително ги засили контролите низ ловиштата на подрачјето и превзема соодветни мерки и активности за спречување и санкционирање на незаконскиот лов.
-Санкциите за непочитување на одредбите од Законот за лов се ригорозни и доследно и без исклучоци ќе се применуваат кон сите подеднакво, без разлика дали станува збор за ловџии-почетници или за искусни ловџии. Ловџиите од Полог се потсетуваат, исто така, дека незаконит лов претставува кривично дело, за кое се предвидени парични и казни затвор од шест месеци до три години, зависно од тоа –кога, каде и што е отстрелано, се вели во апелот на СВР Тетово.
Од таму на ловџиите им укажуваат да внимаваат на безбедноста при ракувањето со оружје.
-Да бидат докрај внимателни при ракувањето со оружјето што го поседуваат и носат со себе на лов за да не ја доведат во опасност сопственaта и безбедноста на другите, но и да не го даваат оружјето на други лица, се наведува во денешното соопштение на СВР Тетово.
А.С