• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Инфо компас

СВР Тетово: Околу Лешок поради зголемениот број возила ќе се прилагодува сообраќајниот режим

Целта е непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод престојниот православен христијански празник „Голема Богородица“, кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок.

26/08/2019
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги интензивираше планираните подготвителни активности за непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод престојниот православен христијански празник „Голема Богородица“, кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок, информира денес СВР Тетово.

Во рамките на овие активности, покрај другото, се известуваат граѓаните од селата Брезно и Варвара, но и сите други граѓани кои на 27–ми август планираат да патуваат кон овие две села, тоа да го направат најдоцна до 17 часот.

Истото се однесува и на трговците и угостителите, на кои дента им се советува порано да го извршат дотурот на потребните производи. Покрај ова, сите кои со возила ќе пристигнуваат до манастирскиот комплекс се информираат да ги паркираат само на определените локации за таа намена и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници кои ќе го регулираат, односно насочуваат движењето на возилата кон манастирскиот комплекс и обратно.

На граѓаните им се препорачува за пристигнување до манастирскиот комплекс по можност да користат возила за јавен превоз, а доколку сепак пристигнуваат со сопствените возила, прописно да ги паркираат, да не ги оставаат на локалниот и регионалниот пат, да бидат трпеливи, непотребно да не брзаат и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.

Инаку, зависно од моментните состојби и потреби, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ќе го прилагодуваат и менуваат вкупниот сообраќаен режим на овој потег, во функција на непречено и безбедно движење на сите учесници.

Тагови: Лешокполицијасообраќаен режим

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

На подрачјето на Општина Брвеница ќе се врши дезинсекција против комарци

22/06/2022
Вести

Во недела во црквата Свети Спас во Долно Палчиште ќе има црковно-народен собир по повод прва недела од Петровденските пости

21/06/2022
Вести

Изложба „Кохезија“ од утре во Уметничка Галерија Тетово

20/06/2022
Следна објава

Трио „Кладенец“ - Како младите го засакаа традиционалното изворно пеење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.