• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

СВР Тетово подигаше непрописно паркирани возила кај ОУ „Гоце Делчев“  откако родителите алармираа за небезбедност на учениците

12/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција информираше во текот на вчерашното попладне се преземени мерки за поголем сообраќаен ред на улицата „Иво Лола Рибар“ по јавните реакциите на родителите за небезбедност на нивните деца кои учат во ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово. Овие активности ќе продолжат и денеска и во наредните денови. 

-Во попладневните часови службеници на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај попландевните часови презеле повеќе конкрентни мерки,за обезбедување на непречно движење на возила и пешаци долж улицата „Иво Лола Рибар“ која води кон ОУ „Гоце Делчев“. Поради непрописно односно погрешно паркирање биле подигнати шест возила, а преземени се и други мерки. Санкционирани се сопственици на возила оставени на места на кои не е дозволено паркирање, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дел од жителите на улицата реагираа по социјалните мрежи на овој потег на полицијата како несоодветен со оглед на немањето доволно паркинг места.

Од СВР Тетово потсетуваат дека полициското присуство наредните денови дополнително ќе се засили, со цел да се пресретнат или санкционираат евентуални проблеми од безбедносна природа и карактер.  Според нив дел од жителите наместо во дворовите, возилата ги оставаат на улицата. 

Според согледувањата на СВР Тетово, круцијален проблем за состојбите на кои реагираат граѓаните, претставува неадекватната инфраструктура на таа улица Тетово, која не е димензионирана и не одговара за постоечката и идна поголема фрекфренција на возила и луѓе. 

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Кумановчанка тешко повредена во сообраќајка на автопатот Тетово -Скопје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.