• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со акција за отстранување хаварисани возила оставени на јавни места

22/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство, односно координација со тетовската и гостиварската локална самоуправа,вчера (21 ноември) започна со активности за отстранување на стари хаварисани возила, оставени на јавни сообраќајни површини во Тетово и Гостивар.

Во првата фаза од овие активности, на сите вакви возила се поставуваат наменски изработени налепници-писмени известувања, a со кои се бара во рок од три дена сопствениците на возилата да ги отстранат.

Доколку не постапат според наведеното во известувањата, согласно член 63 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата ќе бидат подигнати од општинските „пајак-служби“ и ќе се транспортираат на соодветни локации, додека нивните сопственици за тоа ќе треба да платат определен причен надоместок.

Покрај ова, на сопствениците ќе им се изготви и мандатен платен налог со глоба од 45 евра во денарска противвредност.

Целта на овие активности е да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот во Тетово и Гостивар, посебно во близина на училишта и други јавни објекти, информира денес СВР Тетово.

 

Тагови: акцијајавни просторисвр тетовохаварисани возила

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Дете касното од куче во училишен двор во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!