• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со апел да не се палат стрништата на нивите за да нема пожари

24/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција упатува апел до граѓаните сувата вегетација и стрништа на нивите да не се палат за да се избегнат пожари на отворено.  Такви примери веќе се забележителни низ тетовскиот регион со оглед дека земјоделците почнуваат да ги расчистуваат нивите во пресрет на подготовките за пролетната сеидба. Поединци ги палат стрништата и сувата вегетација како трева, жбунови и слично, а според СВР Тетово тоа се прави најчесто без нивна непосредна контрола и на тој начин предизвикуваат помали пожари на отворен простор.

-Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира до земјоделците, но и до сите други да бидат крајно внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, најмногу ако времето е ветровито. Секторот веќе презема координирани превентивни и други мерки, кои во наредниот период уште повеќе ќе се интензивираат, со цел навреме да се пресретнат можните причини за пожари.Во наредниот период, исто така, координирано со други институции, ќе се засилат и секојдневните контроли на подрачјето, во функција на брзо откривање и ефикасно санкционирање на сите оние кои намерно или од невнимание предизвикуваат полски, шумски или други пожари, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во вакви случаи земјоделците ризикуваат да се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци.

-Затворските казни за предизвикување пожар се движат од 3 до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици, објаснува Јосифоски.

Тетовската пожарна во 2021 година од вкупно 646 интервенции од кои над 200 ги има направено на пожари што се случиле на шумски предели, обработливо земјиште и полски подрачја.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Советот на Општина Тетово усвои план за јавниот автобуски превоз, но автобусите ќе почнат да возат за неколку недели

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.