• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

СВР Тетово со истраги за злоупотреби и уцени преку Фејсбук

Се апелира до корисниците на социјалните мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, но и од невнимателно споделување на  лични податоци, без при тоа адекватно да ги заштитат, посебно при контакти со  непознати лица

07/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Млад корисник на социјалната мрежа „Фејсбук“ од подрачјето добил понуда за пријателство од наводна Французинка, а комуникацијата стигнала до размена на фотографии и видеа со компромитирачка и контраверзна содржина. Сепак комуникацијата завршила со уцена на наводната Французинка дека неговите „голи“ фотографии ќе бидат јавно објавени доколку не и даде одредена сума пари. Потоа младиот тетовец го пријавил случајот во СВР Тетово, па оттаму службите за компјутерски криминал сега истражуваат за што станува збор.

-Ова не е единствен пријавен случај. Има и такви кои на „Фејсбук“ „Инстаграм“, виделе нивни фотографии објавени од други лица придружени со навредливи текстови и пораки за трети лица. Оттаму, се апелира до корисниците на социјалните мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, но и од невнимателно споделување на  лични податоци, без при тоа адекватно да ги заштитат, посебно при контакти со  непознати лица од други места или држави, при учества во фиктивни наградни игри со лажни добивки и при практикување на „онлајн нарачки“, истакнува Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово укажуваат дека злоупотребувањето на лични податоци претставува кривично дело, за кое е предвидена парична и затворска казна до една година (член 149 од Кривичниот законик). Доколку злоупотребувањето го извршило службено лице при вршење служба, ќе се соочи со затворска казна од три месеци до три години.

 

Тагови: апеллажни податоцисподелувањеуценифејсбук

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Започна бербата на костени во потшарпланиското село Варвара

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!