• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

СДММ Тетово : Базенот во Тетово значаен за спортот и подобрување на условите за млади

Претседателот на Социјалдемократската младина од Тетово, Бобан Милосавлевски, на прес конференција ја истакна важноста од изградба на затворен базен во градот.

10/02/2020
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на Социјалдемократската младина од Тетово, Бобан Милосавлевски, на прес конференција ја истакна важноста од изградба на затворен базен во градот.

-Со особено задоволство ви го најавувам почетокот на изградбата на нов, современ, затворен базен во Тетово, како дел од првата фаза на проектот „Изградба на 14 пливачки базени“. Ова е еден од најголемите капитални проекти на Агенцијата за млади и спорт во делот на спортската инфраструктура и е од огромно значење за развојот на спортот во нашиот град, како и сериозен исчекор во подобрување на условите за млади во целата земја. Периодот на изградба ќе трае 18 месеци, а вкупната сума на проектот изнесува 43 340 237 денари.

Спортувањето е главниот предуслов за здрава и силна нација. На младите им требаат современи сали, базени и игралишта. Токму затоа изградбата на еден ваков спортски објект беше приоритет во сите наши залагања како локален клуб.

И тука нема да застанеме. Младинската политика е континуиран процес кој постојано треба да се надградува и надополнува со свежи идеи. Се залагаме за подобар животен стандард и повеќе работни места за млади, но паралелно ја врежуваме грижата за животната средина во мајндсетот на новите генерации. Се бориме за еднакви можности за сите, а истовремено ги промовираме различностите како градбени клетки на лепезата на вредности. Без одмор работиме за да создадеме план кој максимално ќе го искористи целиот потенцијал на Тетово за младите.

Нека почетокот на изградба на новиот базен поттикне и нов почеток на соработка, во која ќе престанат делбите и младите од сите страни ќе се обединат во една визија. Соработка во која ќе побараме поддршка и од локалната и од централната власт. Соработка која ќе успее да создаде вредности, истакна Милосавлески.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Инвертер-клима наместо котли за греење за училиштето кај спортскиот центар во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!