• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се бараат цистерни со вода во Тетово во населбите кои трет ден се без вода, дефектите се уште се санираат

07/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Населбата Блок 70 е една од најпогодените во Тетово каде во одредени станбени згради трет ден граѓаните воопшто немаат вода поради големите дефекти во мрежата и прекин во водоснабдувањето за да се санираат пукнатите цевководи.

-Не може да се функционира нормално без вода, некои станови што се од погорните катови од зградите поради немање на хидрофор и цистерна останаа без вода три дена. Потребно е да се донесат цистерни со вода од ЈКП Тетово за да се снабдат луѓето со вода, велат жителите од Блок 70.

Од 8 часот утрово продолжија активностите за отстранување на дефектот во водоводна цевка Ф300 во паркот кај Шарена џамија со цел целосно нормализирање на водоснабдувањето по серијата проблеми во мрежата овие три дена поради што речиси целиот град остана без вода за пиење. По неколку часа ископ на местото најдено е местото каде е пукната цевката и започната е процедурата за промена со нова.

-Дојдени сме до дефектот, треба да се промени салонитна цевка во должина од 3 метри со цевка од друг материјал.  Со отстранување на дефектот вчера на на цевката Ф300 на улицата Цветан Димов се нормализира снабдувањето со вода во градот.  Проценките се дека во 85 проценти во градот има нормализирање на снабдувањето. Се уште нема вода во 15 отсто од градот, тоа се населбите Блок 70 и дел од Пржова Бавча како и објектите на улиците „Браќа Миладинови“ и „Ѓорче Петров“. Санирањето на дефектот ќе продолжи во текот на работниот ден, изјави Љуљзим Шаќири раководител на водотехничка лабораторија при „Водовод и канализација“.

Тетово трет ден се соочува со прекини во водоснабдуавњето откако два дефекти се појавија на Ф300 водоводни цевки кои се втора категорија по големина значајни за проток на големи количини вода. Во средата и четвртокот околу 90 проценти од градот се соочи со прекин во водоснабдувањето.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Прва изложба на слики во Уметничката Галерија во Тетово од почетокот на пандемијата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!