• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се одбележуваат 75 години од загинувањето на 19-те тетовски партизани во Беличица

Во Музејот на тетовскиот крај се одржа историски час и изложба на портретите на загинатите партизани.

18/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово започнаа низа одбележувањата со кои им се оддава почит на 19 партизани членови на Третиот тетовски одред кои се загинати на 19 септември 1944 година во мавровското село Беличица. Во Музејот на тетовскиот крај се одржа историски час и изложба на портретите на загинатите партизани.

-Пред 75 години борците од Третиот партизански тетовски одред лоцирани во Беличица беа убиени заедно со 17 деца, жени и старци од селото од страна на балистичко движење помагачи на италијанскиот фашистички окупатор. Одбележувањето на овие датуми претставува законска,цивилизациска, морална и човечка обврска за нашите сограѓани од сите националности кои се бореа и ги дадоа своите животи за денешните прибовки за живот во мир и слобода, истакна на историскиот час Јовица Теофиловски.

Сојузот на борци од Тетово утре на денот на погибијата на партизаните ќе го посети спомен обележјето во Трница. Во петок е предвидено положување на цвеќе пред бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски – Амбарче и Тодор Ципоски Мерџан. Во сабота 21 септември во црквата Свети Никола ќе се одржи помен како и положување на цвеќе пред спомен плочата на Младен Симовски-Требош и Андреја Христоски-Шварц, двајца од партизаните на тетовскиот одред, кои останале живи во битката кај Беличица, а биле убиени два дена подоцна на тоа место.

Тагови: беличицаодбележувањепартизанитрет партизански тетовски одред

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Протест на вработените во тетовската клиничка болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.