• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се одржа седмата манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“

Здружението на Срби и Македонци  КУД „Бранко Чајка“ од Тетово викендов беше домаќин на детската поетска манифестација  „Пишемо и стварамо на српском језику“ („Пишуваме и твориме на српски јазик“) која традиционално се организира во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во комплексот на манастирот Свети Атанасиј во село Лешок. Беа читани детски творби, а се претставија и поети од Србија.

21/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци  КУД „Бранко Чајка“ од Тетово викендов беше домаќин на детската поетска манифестација  „Пишемо и стварамо на српском језику“ („Пишуваме и твориме на српски јазик“) која традиционално се организира во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во комплексот на манастирот Свети Атанасиј во село Лешок. Беа читани детски творби, а се претставија и поети од Србија.

-На Седмата традиционална манифестација на свеченото читање, како главна програмска активност,  беа прочитани 33 творби на српски јазик на тема „Љубов“.  Автори на песните се ученици од основните училишта во Република Северна Македонија кои следат настава на српски јазик  и тоа од Табановце, на граница со Република Србија, Старо Нагоричане, кумановско и од Кучевиште на Скопска Црна гора.  Покрај нив, свое учество зедоа и ученици од средини каде што наставата ја следат на македонски наставен јазик но се припадници на српската заедница од Скопје, Сандево, Јосифово и Тетово, информира Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Сите учесници добија благодарница за учество, книги, како симбол на знаење и мудрост и јаболко, како симбол на здравје и живот. Благодарници за учество добија менторите и училиштата кои учествуваа на манифестацијата како и поетите.

-Една од долгорочните цели на проектите кои Здружението ги реализира а кои се однесуваат на чување и негување на српскиот јазик кај припадниците на српската заедница во Македонија  меѓу другото е српскиот јазик да се воведе како изборен предмет во основните училишта во државата. Сметаме дека нашите проекти имаат  мал удел во тоа што од оваа учебна година тоа и се оствари, истакна Андонов.

На свеченото читање се претставија и возрасни поети од Република Србија – Власта Цениќ и Стеван Милошевиќ како и поетите од Македонија кои пишуваат  на српски и македонски јазик Славица Петровиќ-Тодорова и Стојан Арсиќ. Настанот го следеше амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија  Душанка Дивјак-Томиќ и Александра Ѓурица, конзул во истата амбасада, владиката тетовско-гостиварски Јосиф, директорката на Управата за развој и унапредување на образованието на припадниците на заедниците во Македонија, Славица Петровиќ-Тодорова,  претставници на други здруженија на Срби во Македонија како и поранешниот претседател и еден од оснивачите на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Обрад Стојановиќ.

Тагови: здружние срби и македонцикуд бранко чајкапишѓуваме и твориме на српски јазик

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Граѓанска трибина со министри од СДСМ во вторник во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.